Утрински Весник
Свет

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската унија е постигната и ги повика сите што имаат можност да се вакцинираат за заштита на сопственото здравје и за заштита на другите.

„Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во Европската унија со најмалку една доза. Денес ја постигнавме таа цел и 57 проценти од возрасните се целосно вакцинирани“, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека треба да продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

„Делта варијантата е многу опасна. Затоа ги повикувам сите кои имаат можност да се вакцинираат. Заради заштита на сопственото здравје и заштита на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволно вакцини.

Можете да прочитате

Околу 19.000 луѓе протестираа во Германија барајќи поправедна социјална политика и поголема заштита на климата

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа

Три ракети и два дрона утрово навлегоа во воздушниот простор на Молдавија