Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во експлозија на гас во Англија, едно дете загина, повеќе куќи се уништени

Во експлозија  на гас во Англија, едно дете загина, повеќе куќи се уништени
300x250 opst2

Во експлозија на гас во Хајшам, Ланкашир, загина едно дете, а други четири лица беа повредени пренесуваат медиумите во таа земја.

Како резултат на експлозијата, две куќи се уништени, а третата е сериозно оштетена.

Експлозијата се случи синоќа во 2:30 часот на авенијата Мелодајл во Хајшам, на западот од Англија, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Четири лица, двајца мажи и две жени се пренесени во болница со сериозни повреди, соопшти полицијата.

Противпожарната служба Ланкашир објави дека на самото место има 10 противпожарни возила.

Жителите во близина се евакуирани, а полицијата во Ланкашир работи со инженери за гас за да ја направат областа безбедна.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД