Утрински Весник
Свет

Во Дубровник соборен температурниот рекорд за јануари, луѓето се капea

Во Дубровник соборен температурниот рекорд за јануари, луѓето се капea

Првите денови од Новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината.

Во Дубровник беше срушен јануарскиот температурен рекорд.

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови.

Ова е највисоката температура измерена во Хрватска денеска во 14 часот, а воедно и највисоката температура во јануари во Дубровник од почетокот на мерењата, анализираат тамошните медиуми.

Според нивните написи, многу жители во Дубровник уживале во денот сосема нетипичен за јануари, па некои од нив решиле да одат на плажа и да се капат во морето.

Можете да прочитате

Момче (12) почина во болница по напад од ајкула во Сиднеј

Иран се заканува со „тотална војна“ доколку САД нападнат

Нови руски напади врз Украина: Дронови погодија болница и породилиште во Харков