Утрински Весник
Македонија

Во Дебар поставени 50 метални корпи за отпадоци

Во Дебар поставени 50 метални корпи за отпадоци

Дебар, 21 мај 2020 (МИА) – По главната и пофреквентините улици во Дебар денеска се поставени метални корпи за отпадоци.

Станува збор за 50 метални корпи донација што општината ја доби од Зуди Доброва, сопственик на фабриката за производство на печки со пелети „Диекотек“ од Дебар.

-Најпрво голема благодарност на дебарскиот бизнисмен Доброва за донацијата. Таа е добредојдена и се вклопува во нашите заложби за еден подобар и почист град. Нашето мото како локална власт е „заедно за Дебар, каков што посакуваме сите“, па во тој правец продолжуваме со реализиација на многу проекти и замисли, ризјави градоначалникот Хекуран Дука, кој од блиску ја следеше реалзиацијата на оваа активност.

И претходно по главната улица во градот имаше поставено корпи за отпадоци, но поголемиот дел од нив почнаа да рѓосуваат и пропаѓаат, а за жел дел беа и уништени од несовесни граѓани. вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ