Утрински Весник
Македонија

Во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени со „Ковид-19“

Во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени со „Ковид-19“

Дебар, 20 април 2020 (МИА) – Официјалните податоци на Министертвото за здравство, на кои се повикува општинскиот Оперативен штаб потврдуваат дека и во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени лица со „Ковид-19“.

Ова е петти ден по ред како нема новоинфицирани, по двата случаи кои беа потврдени во четвртокот, откако немаше новозаразени 12 дена.

Сепак од Штабот апелираат до граѓаните и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките на
надлежните бидејќи, како што додаваат „војната со невидливиот непријател продолжува“.

Инаку, вкупната бројка на заразени е 51 лице од нив две од Општина Центар Жупа. Над 70 отсто од нив се оздравени, додека четири лица починаа, од кои три лица од Дебар и едно од Центар Жупа.

Врз основа на зацртаните мерки и активности на Оперативниот штаб вработените во Јавното комунално
претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица успешно ја завршија втората дезинфекција на јавните површини, спортски и детски игралишта, селските населени места,како и стамбени и верски објекти.

Волонтерите на дебарскиот Црвен крст, пак,  продолжуваат да даваат помош-услуга за најранливите групи граѓани, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни. Од петокот попладне до денес до 14 часот тие извршиле 15 услуги. вт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари