Утрински Весник
Македонија

Во Дебар институциите доследно ги извршуваат своите обрски

Во Дебар институциите доследно ги извршуваат своите обрски

Дебар, 23 март 2020 (МИА) – Институциите доследно ги извршуваат своите обврски во спроведувањето на препораките и мерките на Владата, снабдувањето со прехранбени и други артикли и лекови оди непречено, безбедносната сосотојба е добра, иако се забележани три прекршоци, не се забележани обиди за илегално преминување на границата.

Ова е оценката на градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи со Општинскиот оперативнен штаб, изнесена на денешната редовна средба со новинарите.

Информираше дека споредено со вчера кога во домашна изолација беа 133 лица сега таа бројка е 164, при тоа уште еднаш апелирајќи до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките на надлежните.

Како проблем ја посочи распределбата на хумантарната помош која пристигнува.

-Поради тоа хуманитараните и други граѓански организации кои делуваат во Дебар се состанаа вчера и изготвија план врз основа на кој ќе се прима и ќе се врши распределување на секоја пристигната помош. Соопштувам дека Оперативниот штаб нема да се занимава со распределба на хуманитарна помош, рече Дука.

Демантирајќи одредени информации, како што рече, околу распределбата на помошта пристигната од ЕСМ, нагласи дека таа е извршена според критеруми на донаторот.

– Распределбата е според нивни критеруми. Ние немаме никакво учество во распределбата на оваа помош, која се состоеше од 1.000 пакети со прехранбени артикли и 1.000 вреќи со брашно од по 25 килограми, рече Дука.

Според него, за Центар Жупа биле 300 пакери, по 50 пакети за селата Џепиште, Отишани, Горно и Долно Косоврасти, 100 за селото Могорче, 35 за Јавното комунално претпријатие „Стандрад“, 33 за дебарското муфтиство, 100 за вработените во ХЕЦ „Шпилје“ и останатите за градот Дебар. вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја