Утрински Весник
Македонија

Во Дебарца на дело фатени дрвокрадци, шумочуварот на самото место со жиг им ги бележел дрвата

Во Дебарца на дело фатени дрвокрадци, шумочуварот на самото место со жиг им ги бележел дрвата

Во утринските часови на 15 мај, во атарот на селото Лактиње, општина Дебрца, полициски службеници извршиле контрола, при што затекнале четири лица од Демир Хисар, како на товарно возило „мерцедес“, вршат утовар на огревно дрво, без соодветна документација.

На местото бил затекнат и шумочуварот К.Д. (53) од Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата.

Исто така, при преглед на теренот била пронајдена и поголема количина исечено огревно дрво.

Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување биле одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“ 

ЦУК и полицијата со итна спасувачка акција за тројца планинари на Бистрица

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола