Утрински Весник
Свет

Во градинките и школите во Загреб од коронавирус се разболеле 49 деца и 21 вработен

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Вкупно 49 деца и 21 вработен се заразиле со коронавирус во сите градинки и основни и средни училишта во Загреб, соопшти Ива Милардовиќ Штимац од секторот за образование на Загреб.

„447 деца и ученици и 54 вработени се во самоизолација“, кажа Милардовиќ Штимац.

Во градинките се заразени две деца и осум вработени, а 121 дете и 20 вработени се во самоизолација.

Во основните училишта се заразени 11 деца и шест вработени, додека 206 деца и 23 вработени се во самоизолација, а во средните училишта 36 деца и седум вработени се заразени, додека 120, односно 11 се во самоизолација.

„Мора да знаеме дека во оваа учебна година имаме приближно 100.000 деца во основните и средните училишта, нешто повеќе од 30.000 во градинките“, кажа Милардовиќ Штимац и изјави дека во тој контекст статистички не изгледа лошо бројот на заразени.

Иако, додаде таа, би сакале тој број да станува сè помал секој ден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска