Утрински Весник
Македонија

Во гостиварско нов случај на заразен коронавирус, активни вкупно седум

Во гостиварско нов случај на заразен коронавирус, активни вкупно седум

Гостивар, 1 јуни 2020 (МИА) – По двонеделниот тивок период и без новозаразени, за една недела, бројката на инфицирани од коронавирусот денеска достигна седум.

Последните тестирања во трите гостиварски општини покажаа дека уште едно лице е позитивно на болеста. Станува збор за жител од селото Добри Дол, општина Врапчиште. Во оваа подшарпланинска општина сега има пет активни случаи.

Изминатава недела, во општина Гостивар, по скринингот на вработените во градинките беше откриен еден нов случај и до денес активни се вкупно два.

Во петокот една жена од селото Топлица (општина Врапчиште) која беше примена во ургентното одделение со коморбитти почина, а претходно се покажала како позитивна на ковид 19.

Во најмалубројната општина Маврово и Ростуше, засега нема позитивни на ковид19.

Околу 15 вработени во  ургентната единица во гостиварската болница кои се обидоа да ја реанимираат почината жена, според епидемиолошките протоколи е испратени во домашна изолација. Засега ниту еден не покажал симптоми.

Првиот човек на меѓуопштинскиот кризен штаб Арбен Таравари, ги потврди информациите и напомена дека ова е состојба била во предвидувањата за вториот бран на пандемијата. Таравари упати апел за задолжително почитување на мерките и искажа загриженост од новите статистички показатели. згм/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени