Утрински Весник
Свет

Во Германија уапсени припадници на меѓународна педофилска мрежа

Во Германија уапсени припадници на меѓународна педофилска мрежа

Германската полиција уапси тројца мажи, а четвртиот е во Парагвај, за наводно водење на една од најголемите мрежи во светот за размена на слики од сексуално злоставување на деца.

Цел на меѓународната операција била веб-платформата наречена „Бојстаун“, која сега е отстранета, а имала повеќе од 400.000 регистрирани корисници, пренесува Би-Би-Си.

Официјални лица велат дека некои слики објавени на платформата содржат најтешки форми на сексуална злоупотреба на мали деца.

Во истрагата биле вклучени Холандија, Шведска, Австралија, САД и Канада, предводени од Германија.

Полициската агенција на ЕУ, Европол, соопшти дека ќе ги испита и разузнавачките информации што ги добиле за време на операцијата, врз основа на кои се очекуваат повеќе апсења и спасувања на деца ширум светот.

Неколку поврзани страници за разговор со педофили на темната мрежа се, исто така, отстранети.

Можете да прочитате

Израелската армија може да се распадне ако не се реши недостигот на луѓе

Јапонија ќе ги намали ограничувањата за термоцентралите на јаглен поради енергетската криза

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки