Утрински Весник
Свет

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени со коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица ја разгледуваат можноста за релаксирање на правилата во врска со носењето на заштитни маски.

Институтот „Роберт Кох“ денеска објави дека во последните 24 часа се регистрирани 549 новоинфицирани лица, што е првпат од 21 септември бројката да е помала од 1.000, иако обично се случува бројките во текот на викендот да бидат релативно ниски затоа што се тестираат помалку луѓе.

Повеќе од 3,7 милиони луѓе се заразиле во Германија од почетокот на пандемијата, а со новите 10 потврдени смртни случаи, бројот на починати достигна 89.844.

Со намалувањето на бројот на заразени, се покрена прашањето околу носењето на заштитни маски. Министерот за здравство, Јенс Шпан, изјави дека треба да се оди постепено и дека прво треба да се укинат правилата за носење маски на отворено.

Тој додаде дека мерката носење маски во затворен простор може постепено да се укинува во области со мал број на заразени лица и со висока стапка на вакцинација.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени