Утрински Весник
Македонија

Во време на полициски час пловеле со едрилици во Охридското Езеро

Седмата Дримска конференција го носи Стратешкиот акциски план за Дримскиот басен

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Струга.

-Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле со пловни објекти – едрилици низ Охридското езеро, велат од обвинителство.

Од таму уште додаваат дека едно лице е обвинето затоа што се движело пеш низ Струга во време кога во сила била забраната за движење на населението согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.

-Четвртиот обвинет не ја почитувал задолжителната мерка за строга изолација. Имено, тој по пристигнување на територијата на државата имал обврска да биде во 14-дневен државен карантин во хотел Дрим во Струга. Но од страна на полициските службеници бил затекнат како се движи низ ходникот од објектот, истакнуваат од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа