Утрински Весник
Македонија

Во викендица во Моране пронајдени оружје и килограм марихуана

Скопјанец обвинет за поседување дрога и муниција

Секторот за недозволена трговија со дрога при скопската полиција, во рамките на засилените мерки и активности извршик претрес кај 29-годишниот М.Г. во викенд куќа во скопското село Моране.

Како што информираат од МВР, при извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол, а лицето е лишено од слобода.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Активни пожарите во липковско – 24info.mk

Приведен жител од Старо Нагоричане за предизвикување пожар

Недостигот на информации, надзор и доверба ја „хранат“корупцијата во здравството