Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во Велес забрана за користење на Детските игралиште и собирање во групи

Во Велес забрана за користење на Детските игралиште и собирање во групи
Img 7972

Велес,  24 март 2020 (МИА) – Општина Велес ја известува јавноста дека како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19 ги затвора сите детски игралишта во градот оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро „Младост” и другите јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните.

Општина Велес апелира до сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.

Воедно согласно Одлуката од дваесет и третата седница на Владата, целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата.

Општина Велес ги повикува граѓаните на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус, со цел за заштита на сопственото и здравјето на останатите граѓани од ширење на Ковид-19. ад/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија ја освои престижната награда за „Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака

Бојан Маричиќ од Киев: „Консензусот во ЕУ ќе дојде, но прво треба дела“

Мојсоска: Стружани се трујат од запален јаглен во рудникот Пискупштина