Утрински Весник
Свет

„Во бугарскиот парламент има ново мнозинство“ – опозицијата го разреши собранискиот спикер

Пратениците во бугарскиот парламент го разрешија Никола Минчев од функцијата претседател на бугарското Собрание.

За гласаа 125 пратеници, против 113, а воздржан беше еден пратеник.

Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

„Барањето за мое разрешување е со иста позадина како и барањето за гласање за недоверба на Владата следната недела. Во пленарната седница има ново мнозинство“, рче Минчев.

Според него, новоформираното мнозинство не само што не носи промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел.

„Во таков парламент уште подобро е да не бидам претседател, оти испадна дека тие што требаше да збришат сега сакаат мене да ме збришат. Ако треба да избереме нов претседавач, сакам тој или таа да биде објективен како што се обидов јас“ рече Никола Минчев.

Никола Минчев е дел од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“, на предлог на актуелниот премиер Кирил Петков.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови