Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во болничкиот комплекс во Охрид се подготвува теренот за поставување модуларна болница

Во болничкиот комплекс во Охрид се подготвува теренот за поставување модуларна болница
Img 7972

Во Охрид се подготвува теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница за заболени лица од ковид-19, а се разгледува и можноста за организирање на мобилни здравствени тимови. Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови, како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација.

Поради зголемениот прилив на заболени лица од ковид-19, на кои им е потребен болнички третман, веќе е направена реорганизација низ повеќе болнички одделенија. Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на неопходните активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс и за поставување на модуларна болница, а ќе продолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во овој град.

Во текот на наредните денови ќе се разгледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика.

Поради константното зголемување на бројот на новозаразени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, на медицинскиот персонал и медицинска опрема од другите здравствени институции на подрачјето на оваа општина.

Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти, од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден