Утрински Весник
Македонија

Во Богданци почна уредувањето на нов паркинг-простор

Во Богданци почна уредувањето на нов паркинг-простор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија,13 мај 2020 (МИА) – Во центарот на Богданци, зад објектот на Комерцијална банка, почнаа градежните работи за уредување нов паркинг-простор, којшто многу ќе го растовари сообраќајниот метеж на главната улица.

Од општината велат дека активностите опфаќаат чистење на просторот, негово тампонирање, поставување мали рабници и редење бекатон плочки на површина од 852 метри квадратни.

За комплетно уредување на новиот паркинг простор општината ќе инвестира околу 8,2 милиони денари од сопствениот буџет во рамки на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче