Утрински Весник
Свет

Во Австрија 94 новозаразени

Словенија: Рекорден број заразени од средината на април

Во последните 24 часа, забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како скоро секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментов има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата, на крајот на февруари, 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 се опоравиле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Боложан

Тројца загинати во пад на мал авион врз зграда во Бразил

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран