Утрински Весник
Свет

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при што убил пет лица, а ранил уште пет лица, соопшти украинската полиција.

Инцидентот се случил рано утринава во ракетната фабрика „Пивденмаш“ при примопредавањето на оружјето на стражарите, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Полицијата трага по избеганиот војник, пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи