Меган Маркл, војвотката од Сасекс, непланирано се појави на годишната специјална емисија „Херои на Си-ен-ен“ во чест на најинспиративните моменти на годината и луѓето што ги остварија таквите моменти.
Во видеоклип снимен за Си-ен-ен, војвотката од Сасекс им оддаде почит на тивките херои – заедници и индивидуалци – кои ги поддржуваа ранливите категории луѓе среде пандемијата на Ковид-19.
Војвотката од Сасекс видеото го снимила додека седи на клупа во куќата што ја купија на почетокот на оваа година со својот сопруг, принцот Хари. Во заднината се гледаат виолетови цвеќиња. Таа носи блуза во слична боја како и цвеќињата, со убави детали на вратот и комплементарни тонови на шминка. Изгледот го дополни со обетки од брендот „Кетрин Зораида“ и ракавици од „Картие“.
Ова ненајавено ТВ-појавување на Меган беше за време на годишната специјална ТВ-емисија на Си-ен-ен со наслов Heroes: An All-Star Tribute за да им се заблагодари на тивките херои или на оние што помогнаа повеќето луѓе да добијат храна среде пандемијата.
Војвотката од Сасекс (39) во двоминутниот клип изјави: „Видовме заедници исправени пред предизвикот како преземаат акција. Кога запреа програмите за ручек за деца, видовме дека нашите соседи вложуваа големи напори за тие деца да ја имаат потребната храна. И ние како заедница се појавивме за да доставиме храна што им е потребна на ранливите луѓе“.