Утрински Весник
Спорт

Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ 251 (Видео)

Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ 251 (Видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Приредбата УФЦ 251 утрово се одржа во Абу Даби. Борецот од Австралија кој има македонско потекло Александар Волкановски ја одбрани титулата во про-лесна категорија (до 66 килограми).

Волкановски титулата ја одбрани со тесната победа над Макс Холовеј. Со одлука на судиите 47:48, 48:47, 48:47 Македонецот од Австралија втор пат го победи својот противник.

Волкановски во декември, во исто така израмнет меч, славеше над Холовеј.

https://www.youtube.com/watch?v=94n5Kujof6g

Покрај Волкановски титулата во Абу Даби успеа да ја одбрани и Камару Усман. Нигериецот со едногласна одлука на судиите (50:45, 50:45, 49:46) го победи Хорхе Масидвал.

Борецот од Русија Пјотр ја освои титулата во бантам категоријата (до 61 килограм). Пјотр со технички нокаут за три минути и 24 секунди го победи Хенри Сехуд. 27 годишниот руски борец нема пораз во седумте борби во УФЦ, во ММА неговиот скор е 15-1.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов