Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најавува зголемување на платите за 25%, а на пензиите за 20%

ВМРО-ДПМНЕ најавува зголемување на платите за 25%, а на пензиите за 20%

Македонија има потреба од обнова. Државата три години стагнира, а граѓаните осиромашуваат. Се обврзуваме за зголемување на платите за 25% и зголемување на пензиите за 20%. Македонија има за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ За економски раст потребна ни е развиена инфраструктурна мрежа, затоансе обврзуваме на реконструкција на 1000 километри патишта и 2 милијарди евра инвестиции. Ќе привлечеме 4 милијарди странски инвестици, од кои 3 големи странски компании ќе дојдат во првите 100 дена.

Се обврзуваме да изградиме над 1000 станови за социјално ранливите категории. Се обрзуваме на 1000 мерки и проекти, кои ќе влијаат на подобрување на животот на граѓаните, развој на земјата, воспоставување на правмата држава и владеењето на правото.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори 

Во Охрид почина деветмесечно бебе