Утрински Весник
Македонија

Воз удри во мигранти кај Криволак, едниот од нив починал

Воз удри во мигранти кај Криволак, едниот од нив починал

Товарен воз удри во мигранти пред железничката станица Криволак, а едниот од нив починал на пат кон болница.

Според информациите на МВР, ноќеска во 00,40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница.

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци. Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка