Утрински Весник
Магазин

Возможна мисија: Том Круз доби зелено светло да снима филм на Меѓународната вселенска станица

Возможна мисија: Том Круз доби зелено светло да снима филм на Меѓународната вселенска станица
Img 5587

Тој е познат по ризичните сцени кои сака да ги изведува сам, без каскадери, во филмовите од хит-серијалот „Невозможна мисија“.

И конечно, на Том Круз му е отворен патот за неговата најсмела мисија досега.

Холивудската sвезда (58) ќе биде во капсулата „Спејс икс драгон“ на закажано патување до Меѓународната вселенска станица во октомври 2021 година за да снима сцени од најновото продолжение на „Невозможна мисија“, објави „Спејс шатл алманак“ во вторникот.

Истиот извор на Твитер објави графикон за претстојните планирани лансирања до ISS (меѓународна вселенска станица), заедно со листи на екипажот.

На првото туристичко патување, како што е наведено во распоредот, ќе бидат Круз и режисерот Даг Лиман (55).

 

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното