Утрински Весник
Македонија

Возеле под дејство на алкохол, 66 возачи на територијата на државата добиле казни

52 возачи казнети за брзо возење на автопатот Скопје-Велес

66 возачи биле санкционирани бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, извести МВР, откако вчеравечер во периодот од 20.00 часот до 01.00 часот спровела зајакната полициска контрола на територијата на целата држава.

Овие возачи, велат од МВР, биле веднаш исклучени од сообраќај.

Притоа најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-22, СВР Битола-11, СВР Тетово – 7, СВР Штип-6.

Можете да прочитате

Турски врвен уролог изведе четири сложени операции на Клиниката за урологија во Скопје

Кривична пријава за полицаец од Прилеп – оддавал службена тајна

Автомобил во движење се запалил во близина на ГП Ќафасан