Утрински Весник
Македонија

Возач на „бе-ем-ве“ со полн багажник марихуана бегал од полицијата на автопатот „Пријателство“

Возач на „бе-ем-ве“ со полн багажник марихуана бегал од полицијата на автопатот „Пријателство“

Во кооординирана акција на повеќе полициски оддели во текот на вчерашниот ден (15. декември) по претходно добиени оперативни сознанија, биле приведени три лица и запленети околу 100 килограми марихуана, од претходна истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес.

Како што информираат од МВР, на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници било направен обид да се запре автомобил „бе-ем-ве“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце. Но, возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта.

По дополнително преземени мерки, автомобилот бил запрен и при тоа уапсени двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана.

Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“.

При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава.

Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството-Велес, полицијата презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нови правила за боледување: Помалку испитувања и електронско упатување до комисија

ВЛЕН: Конкретни резултати за Албанците во МВР, 428 унапредувања и над 150 вработувања

На Груби му истекува куќниот притвор, нуди имот од 335.707 евра за враќање на пасошот