Утрински Весник
Свет

Воен авион со нуклеарен материјал се урна во Америка, загинаа пет лица

Воен авион со нуклеарен материјал се урна во Калифорнија, САД, при што загинаа најмалку пет лица.

Авионот се урнал во Империјалниот округ во близина на автопатот 78, според прелиминарните извештаи.

Официјални лица веруваат дека најмалку пет лица биле во авионот во моментот на падот. Четири лица загинаа, а едно се води како исчезнато.

Се претпоставува дека сите пет патници се мртви, напиша на својот Твитер репортерот на Фокс 5, Малик Ернест.

Не е познато што ја предизвикало несреќата или каков нуклеарен материјал имало во товарот, пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик