Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНE: СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност

„Катастрофалното менаџирање на процесите во образованието од страна на владата се нов доказ зошто е премногу. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеајa да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување.
Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на уписот во средното училиште по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму преку соопштение велат дека „СДСМ се неспособни во секој поглед, а нивната неспособност ја плаќаат децата и родителите. За пет години се сменија четири министри но неспособноста остана“.

Можете да прочитате

Обид за убиство во Милетино

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

Двајца малолетници со закана со нож ограбиле друг малолетник