Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, a Заев вели тоа е најдоброто

ВМРО-ДПМНЕ: Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, a Заев вели тоа е најдоброто
Ss2

Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Заев вели тоа е најдоброто, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Од лани до сега цените на млекото, месото, зејтинот, брашното и другите основни намирници во малопродажба се покачени и до 20%. Животот е се поскап, а стандардот ист, дури и тоне.

Ss1

Заев не успеа да се справи со ниту една криза. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо.

Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит. Заев ја втурна државата во должничка спирала, пропратена со инфлаторен вортекс кој голта се пред себе.

Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика. 5 години имаме раст на економијата нешто над 1%, буквално се тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек“ се наведува во партиското соопштение.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт