„Очигледно Љупчо Николовски е заразен од вирусот Заев. Покажува симптоми на безочно лажење. Вели дека СДСМ ГРАДИ 260 км автопат, а никој нема видено ниту еден километар автопат проектиран, со обезбедена финансиска конструкција и изграден од страна на СДСМ во овие три години власт. Дури и проектите кои беа отпочнати од време на претходната влада, Заев, Љупчо Николовски и СДСМ од петни жили се обидуваат да ги прикажат како свои, само затоа што нацртале бели линии или затоа што одиграле чочек при отворањето“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, тие знаат дека граѓаните ќе ја дадат поддршката на Обновата која доаѓа, затоа што во обновата јасно се предвидени инфраструктурни проекти кои народот знае дека ќе се реализираат.
„Обновата предвидува нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола и експресен пат до Меџитлија, но и изградбата на автопатот Кичево-Охрид, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш, но и реконструкција и проширување на најмалку 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта.
СДСМ и Љупчо Николовски во 2016 година ветуваа нови 600 километри автопат и излажаа. Ништо не направија , а сега ги препакуваат и надградуваат истите лаги. Но народот не им верува. Народот виде дека нив интересот на граѓаните не им е приоритет.СДСМ, Љупчо Николовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се додава во реакцијата.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ гради 260 километри автопат кои никој не ги гледа е превземен од МАКФАКС.