Утрински Весник
Спорт

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб.

„Имаме право да дишеме. Стоп за корона теророт. Поддршка за Новак од Хрватска“, пишува на транспарентот.

Поддршката од Загреб доаѓа во момент кога најдобриот светски тенисер се наоѓа под жестоки критики откако коронавирусот влезе на Адрија турнејата чии организатор е Ѓоковиќ.

Пред две недели турнејата беше прекината во Задар откако Григор Димитров објави дека е заразен со коронавирусот.

Подоцна позитивни тестови имаа Борна Чориќ, Виктор Троицки кој играше во Белград, а не беше во Задар, тренерите на Ѓоковиќ и Димитров. По враќањето во Белград позитивни на Ковид-19 беа Ѓоковиќ и неговата сопруга.

Во меѓувреме Ѓоковиќ објави дека неговиот последен тест бил негативен.

> Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк