Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Прифати ли Заев дека македонскиот народ е создаден во 1944 година?

ВМРО-ДПМНЕ: Прифати ли Заев дека македонскиот народ е создаден во 1944 година?
300x250 (7)

Премиерот Заев да каже за што разговара со Бугарија и што е на ред за продажба во неговата агенда, бараат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер, Христијан Мицкоски, денеска соопшти дека добил, како што посочи, алармантни информации од дипломатски извори за тајни преговори во врска со билатералниот спор.

„Дали Заев со прифаќањето на бугарската декларација за рамка во преговорите со ЕУ, прифатил дека македонскиот народ е создаден 1944 година, а со тоа дека настанал од бугарскиот и дека и јазикот и идентитетот се поствоена креација? Дали Заев со профаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е Бугарин, но и неговите современици од тој период на македонската историја?“, прашуваат од опозициската паритја.

300x250 (7)

Од таму бараат премиерот Заев да излезе и јавно да каже дали го прифаќа клучното барање во спорната декларација според која во документите на ЕУ не треба да фигурира фразата „македонски јазик“ и наместо неа да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“.

„Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскиот јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија“, напиша претходно Мицкоски на „Фејсбук“.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт