Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Прва одлука на Ковачевски, набавка на златни чинии за јадење, вредна 140 месечни плати

ВМРО-ДПМНЕ: Прва одлука на Ковачевски, набавка на златни чинии за јадење, вредна 140 месечни плати
300x250 (7)

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека стандардот на граѓаните тоне, цените одат до плафон, а однародената власт на заевизмот, како што велат, троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски.

„Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економска, енергетска и здравствена криза му набавува нов прибор за јадење на пиунот Ковачевски во вредност од 37 илјади евра. Владата набавува чинии по 88 евра од парче, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува. Ова е само уште еден показател дека заевизмот продолжува. Зоран Заев лани се фалеше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија“, е напишано во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

300x250 (7)

„Ете до каде оди забеганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзува, во време кога поскапуваат струјата и парното, кога граѓаните трошат илјадници евра дневно за тестирање, врвен приоритет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење“, се подвлекува во напишаното.

Заевизмот, истакнуваат од таму, не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевски. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт