Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Никаде во светот нарко-босовите не добиле помош каква што добија од МВР

ВМРО-ДПМНЕ: 55.000 луѓе останаа на улица, а од СДСМ велат се е во ред
Ss2

СДСМ упорно ги брани наркобосовите на кои МВР на Оливер Спасовски им издавало нелегални пасоши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, откако јавноста дозна дека и светски озлогласената италијанска наркомафија Ндрангета пронашла закрила во МВР на Оливер Спасовски, од СДСМ продолжуваат со обидите да се исперат од криминалот и срамот во светски рамки“, посочуваат од опозициската партија.

Ss1

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска на прес-конференција обвини дека фалсификат македонски пасош издаден од МВР добил и Валид Иса Хмаис, преку кој, како што рече, италијанската мафија ги перела парите од трговијата со кокаин.

Како што велат од партијата, не постои друга држава во светот во која поддршка пронашле толку многу наркобосови како во Македонија предводена од Заев, Спасовски и СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо празни изговори, потребни се одговорност и оставки.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт