Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на дното, во новата анкета на Брима имаат историски најслаб резултат

Vmro

Од декември наваму сите анкети на релевантните институции и организации во изминатиов период покажуваат дека премиерот Зоран Заев ужива најголема доверба кај граѓаните на Северна Македонија. Поддршката за Заев и политиките на Владата преводена од СДСМ расте од ден на ден и извесна е нивната победа на престојните локални избори.

СДСМ бележи солидна предност од 2 проценти во пресрет на локалните избори пред опозициската ВМРО ДПМНЕ, се вели во последната анкетата која ја направила “Брима галуп” за “Слободен Печат”.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев со 11,8 отсто убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој има само 7 отсто. Ова е уште едно истражување во кое Мицкоски со повеќе процентни поени заостанува зад Заев. Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

Граѓаните даваат поголема поддршка на владејачката СДСМ за разлика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето доколку денеска се одржат парламентарни избори за СДСМ би изјасниле 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%. За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните. Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување. Ваквите резултати потврдуваат дека партијата на Мицкоски бележи пад во рејтингот од анкета во анкета и дека граѓаните се помалку му веруваат нему и на ВМРО ДПМНЕ. Тоа од друга страна значи дека Мицкоски води поразителни политики и дека гласачите му вртат грб.

Анализата на податоците покажува и дека постои висока корелација помеѓу партиската определба со определбата за кого анкетираните граѓани би гласале за градоначалник на својата општина на претстојните локални избори. Од испитаниците 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица…

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

И на претходната анкета во јули изработена од агенцијата „Брима“ е веќе четврта анкета која покажуа водство на СДСМ пред останатите партии. Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која СДСМ настапи на парламентарните избори, тогаш рејтингот коалиција со СДСМ беше 22,8 отсто.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен беше растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува.

И според анкетата на ИРИ спроведена во јули за локалните избори, граѓаните повеќе преферираа кандидати на СДСМ кои би освоиле 19% од гласовите, додека предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ би имале поддршка од 16%. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за чии кандидати би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4%.

И тогаш од политичките личности, Заев е прв според довербата на граѓаните со 10 проценти, а на второ место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6 проценти доверба исто како и лани во февруари.

Оваа анкетата е спроведена во периодот март/април на репрезентативен примерок од 1.222-ца испитаници со маргина на грешка од 3,6 %.

Исто така Меѓународната организација на изборни системи ИФЕС од 20 мај до 4 јуни спроведе телефонска анкета на 1.111 испитаници во Македонија која покажа дека изборната коалиција на СДСМ со Беса е во предност од 4% пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За коалицијата СДСМ и движењето Беса се изјасниле 20 проценти од анкетираните граѓани на Македонија, а за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 16 отсто.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја имаше поддршката од граѓаните и според анкетата што ја спроведе агенцијата „М проспект“ за Телма и МЦМС, во декември.

Анализата на Телма и МЦМС покажала дека недоверба во Мицкоски има и кај останатите етнички заедици, посебно кај Албанците, а ниска доверба за Мицкоски има и кај гласачите и од другите партии од опозицијата, со кои Мицкоски сака да соработува.

Можете да прочитате

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес