Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата да ги каже епидемиолошките цели заради коишто ги предлага мерките

(Видео) Мицкоски: Неспособноста на владата е еднакво опасна колку и самиот вирус

Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што ги предлагаат мерките, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, треба да се објави исто така и за кое време се планира да се постигнат тие цели, а во спротивно, сѐ што прави Комисијата и министерот за здравство, Венко Филипче е само пи-ар.

Од партијата оценуваат дека новиот пакет мерки, кои денеска Владата ќе ги разгледува на седница се во стилот „после свадба тапани“.

„Наместо да ги навикуваат граѓаните секојдневно да слушаат дека се починати по 20, 30 или и повеќе од 40 лица, наместо да ги навикнуваат дека бројката на новозаболени секој ден е околу 30 проценти и повеќе од бројот на тестирани, по изборите во Штип и Пласница им текна нивната Комисија за заразни болести да предложи некакви мерки. Филипче и Заев убедливо рушат црни рекорди на европските и на регионалните листи. На европската листа Македонија е на врвот или сега петта во Европа по бројот на починати лица од корона на милион жители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата порача дека е време за одговорност и за оставки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата