Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го навреди народот, за него да се слушне народот на референдум е одење чекор назад

Ковачевски го навреди народот, за него да се слушне народот на референдум е одење чекор назад. Ковачевски упорно го вреѓа народот и јавно кажува дека не му значи неговото мислење во однос на преговарачката рамка и дека е спремен истата да ја турка на сила по секоја цена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Ковачевски не сака референдум, затоа што знае дека народот нема да даде поддршка на преговарачката рамка која тој ја турка, а значи бугаризација и асимилација. Народот мора да има можност да го каже својот став, не може Ковачевски кој нема никаков мандат од народот да носи одлука да ја бугаризира државата и да ја стави во подредена положба.

Ковачевски ги минира македонските позиции. Со рамката ваква каква што е се дава можност Бугарија да ја блокира Македонија секогаш кога историската комисија нема да се согласи по одредени периоди или личности или становишта. Со тоа Бугарија може да ја блокира Македонија се додека не се прифатат нејзините тези за негација на македонскиот јазик и идентитет. Тоа е бугаризацијата која е затскриена зад протоколот.

Ковачевски знае дека народот ги прочитал неговите намери и затоа бега од референдум, на референдум ќе пропаднат сите негови манипулации и народот ќе ја отфрли бугаризацијата, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт