Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина

Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина, народот одбра иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ. Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре. Се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина. Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ изберени на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.

„Но финалната победа доаѓа по вториот круг. За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт