Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ поскапувањето на струјата и парното не е големо, тоа е показател дека се одлепени од реалноста

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ поскапувањето на струјата и парното не е големо, тоа е показател дека се одлепени од реалноста

Заевизмот го уништува стандардот на граѓаните. Од 1 јануари граѓаните плаќаат над 15% поскапи сметки за струја, а во Скопје и поскапо парно за 14%. Ако за СДСМ ова е малку, тогаш навистина се имаат одлепено од реалноста. Се што ветуваа излажаа, се што фатија или украдоа или исушија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ова е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на СДСМ. Кузеска и СДСМ да одржат уште десет прес конференции во кои ќе прикажуваат розови слики нема да го покријат фактот дека граѓаните тонат во сиромаштија.

Криминалот и корупцијата на власта доведе до тоа да бидеме најсиромашната и најнесреќната нација во Европа. Додека Заев и екипата јадат со златни лажици за празниците, народот ќе стравува како да врзе крај со крај во месецот“ се наведува во партиската реакција.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите