Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Генчова ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист и нема никакви суштински промени

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчова со изјавата за бугарската агенција БГНЕС дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи, соопшти БГНЕС.

„ Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани збора, без суштински промени. Згора на тоа, Бугарија Кирил Петков и Румен Радев се радуваат и го прифаќаат предлогот кој Ковачевски го крие. Сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот.

Имено, Ковачевски и Османи мора да одговорат, како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи како што пишува истиот значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ?

Но, очигледно е дека станува збoр за истиот предлог кој веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби, кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот. Да беше толку добар предлогот, да имаше промени кои се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш истиот ќе го објавеше во јавноста“ се додава во соопштението.

Како што додаваат од опозициската партија, Ковачевски, Османи и Маричиќ со своето досегашно дејствување трајно ги загрозиле преговарачките позиции на Македонија и ја носат државата кон подредена ситуација. Граѓаните, експертската јавност и интелектуалната фела кажаа дека францускиот предлог е неприфатлив за државата и директно задира во националните и државни интереси на македонскиот народ. Ковачевски и Османи да си поднесат оставка, веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за промени и предвремени парламентарни избори.

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда