Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да изврши усогласување на платите во образованието со Колективниот договор

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да изврши усогласување на платите во образованието со Колективниот договор

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на прес конференцијата на Санела Шкријељ.

Од партијата истакнуваат дека Владата да изврши усогласување на платите во образованието со Колективниот договор, и покачување кај сите плати.

Платите во образованието се ниски, само усогласување на платите ск Колективниот договор ќе донесе подобар стандард за просветните работници. Така платите на наставниците ќе бидат и до 45 илјади денари.

Потребно е покачување на платите и во високото образование. Асистент на факултет кој е магистер, и на докторски студии зема 23 илјади денари плата, само 5 илјади над минималецот. Тоа ги демотивира младите да се занимаваат со наука.

Покачување мора да има и во здравството. Зошто се повеќе лекари и медицински персонал ја напуштаат државата токму заради ниските примања.

Во однос на пензиите, владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, се друго е мачкање очи на пензионерите.

Во услови кога имаме инфлација, основните продукти и горивата се покачени за 70%, а лебот и за 110%, потребни се реални и ефективни мерки веднаш, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

Светска банка: Економскиот раст на Западен Балкан ќе забрза, со пониски трговски трошоци кои се клучни за повеќе работни места

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден