Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да донесе одлука за укинување на акцизата и ДДВ за зелена нафта за земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да донесе одлука за укинување на акцизата и ДДВ за зелена нафта за земјоделците

Владата да донесе одлука за укинување на акцизата и ДДВ за зелена нафта за земјоделците, како и 0тсто ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија посочија дека земјоделците иако најпогодени од кризата не се опфатени со наводните владини мерки.

„ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на земјоделците и повикува владата да ја ослободи зелената нафта од акцизи и ДДВ, како земјоделците ќе може да имаат пониски трошоци за производство. Дополнително веднаш да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство. Владата веднаш да се насочи и на изнаоѓање на нови пазари, бидејќи голем дел од земјоделските производи во голем процент завршуваа во земјите во војна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата порача дека Владата не треба да трча по дневен популизам, туку да преземе мерки кои ќе имаат долгорочен ефект.

Можете да прочитате

Најмладиот милионер во Македонија има само четири години, најстариот 97

Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 

Иднината на рударството ќе се решава во оваа деценија – бакарот во фокусот на три сценарија до 2050 година