Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна

Зоран Заев и СДСМ преку своите инсталации и партиски активисти во РКЕ ја поскапуваат струјата, а со тоа го осиромашуваат народот. Марко Бислимоски е само фигура преку која говори Заев и неговиот бизнис интерес. Бислимоски не е независен, тој е активист на СДСМ. И за тоа постојат фотографии од кои се гледа како тој со поширокото раководство прославува во централниот штаб на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Бислимовски не е единствениот член на РКЕ од редовите на СДСМ. Заев во РКЕ ги згрижил буквално луѓето од најголема доверба, како Панче Орцев, поранешен пратеник од Струмица и бизнис партнер на Заеви. Бислимоски и Орцев, кои се партиски луѓе на СДСМ не можат да бидат независни. Тие се истурени играчи на Заев, кои му служат на неговиот интерес. Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна со која ја покачуваат цената на струјата и го осиромашуваат народот. Бислимоски и Орцев преку РКЕ ја поскапуваат струјата за да можат Заеви преку универзалниот снабдувач да испумпуваат десетици милиони евра преку тендери за обезбедување, кои ги добива една струмичка агенција за обезбедување.

И додека народот плаќа поскапа струја камиони со струмички таблици возат за РЕК Битола и по 30 часа на ден, буквално СДСМ бара начин плус како да се испумпаат парите на граѓаните код државните сметки во нивните приватни џебови. Затоа се поскапува струјата. За пари и за богатење на власта.

Крадењето на народот мора веднаш да запре. ВМРО-ДПМНЕ испорача 3 барања, кои очекуваме мафијата на власт да ги прифати за доброто на народот во најбрз можен рок.

1. Враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, да се намали процентот.
2. Воведување на неделен викенд без данок на додадена вредност. Народот очекува 18% проценти помали цени преку викенд.
3. Професионализација на Регулаторната комисија за енергетика, со цел воспоставување на систем и фер цени на електричната енергија.

Народот бара власта да работи за него, а не против него. Народот бара власта да не се богати на негов грб. Владата мафијата и криминалот кои се едно исто во Македонија мора да паднат“ се наведува во партиското соопштение.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт