Утрински Весник
Свет

Власта во Саудиска Арабија ја ограничи јачината на звукот во џамиите

Власта во Саудиска Арабија ја ограничи јачината на звукот во џамиите
Dik 300x250 mk

Саудиските власти ја ограничија јачината на звукот во џамиите, откако јавноста поднесе жалба против гласните молитви што доаѓаат од џамиите.

Министерството за исламски работи на Саудиска Арабија минатата недела објави дека сите звучници треба да бидат поставени на една третина од максималната јачина на звукот, што е конкретен одговор на жалбата на јавноста, рече министерот за исламски работи, Абдулатиф ал Шеик, пренесува „Би-би-си“.

Во конзервативната муслиманска земја овој потег предизвика реакција, особено на социјалните мрежи, каде што хаштагот за забрана за гласна музика во кафулињата и рестораните станува сè попопуларен.

Министерот Шеик рече дека поплаките доаѓале и од родители кои се жалеле дека гласните молитви од џамиите им го нарушуваат спиењето на децата, а во видеото прикажано на државната телевизија, тој нагласил дека оние што сакаат да се молат не треба да го чекаат повикот на имамот за молитва.

Ограничувањата доаѓаат кога престолонаследникот Мохамед бин Салман се обидува да ја направи Саудиска Арабија полиберална и да ја намали улогата што ја игра религијата во јавниот живот.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците