Утрински Весник
Свет

Владимир Путин: Мировните сили на ОДКБ одиграа клучна улога во Казахстан

Владимир Путин: Мировните сили на ОДКБ одиграа клучна улога во Казахстан

Мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) одиграа клучна улога во решавањето на ситуацијата во Казахстан, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шојгу го информирал шефот на руската држава дека постсоветскиот безбедносен блок почнал да го повлекува својот мировен контингент од Казахстан откако ситуацијата во таа централноазиска република се стабилизира, пренесе ТАСС.

Путин рече дека мировните сили на постсоветскиот безбедносен мировен блок успеале да ги стават под своја заштита сите витални објекти и инфраструктура и да ослободат значителен број војници и припадници на полициските сили за спроведување специјални операции во земјата.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено