Утрински Весник
Македонија

Влада: Препораки за однесување на вработените во производните капацитети

Намален прометот во индустријата

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од еден ипол до два метра.

Како што соопшти владината прес-служба им се препорачува и на вработените да не ги менуваат работните места и во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).

– Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација). Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории за што да се води уредна евиденција, велат од владината прес-служба.

Дел од препораките се и во случај на позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19 на вработено лице (со или без симптоми), лицето веднаш да се изолира и испраќа дома и да се советува веднаш да го контактира својот матичен лекар.

– Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на Ковид-19 (име и презиме,адреса, телефонски број) подготвува список на лица кои  согласно работното место се во близина (до него, пред и позади) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ, додаваат во соопштението.

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, велат од Владата, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена. По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите  и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, додаваат во соопштението, се продолжува со нормалниот производствен процес.

Од Владата посочуваат да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници, а во случај на потреба од административна работа потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици),

– Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на одалеченост еден од друг од еден ипол до два метри, се наведува во соопштението. мс/са/

Pet Utrinski

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме