Утрински Весник
Македонија

Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 летерс“ за одгледување канабис

Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 летерс“ за одгледување канабис

Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 летерс“ за одгледување канабис која е лоцирана во селото Алданци, Крупево.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за здравство.

„Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели која на 21.12.2020 година и 12.01.2021 година изврши контрола над работата на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 летерс ДОО Скопје во објектот лоциран во с. Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во делот на кадарот со што е постапено спротивно на член законските одредби за оваа дејност“, соопшти Владата.

На крајот на минатата година од фабриката беа украдени 60 килограми марихуана.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка