Утрински Весник
Економија

Владата ја донесе Стратегијата за управување со јавниот долг за 2023 – 2025 година

На предлог на Министерството за финансии, на денешната седница Владата ја донесе и Стратегијата за управување со јавниот долг за 2023 – 2025 година (со изгледи до 2027 година).

Со Стратегијата за управување со јавниот долг, согласно Законот за јавен долг, се утврдува висината на јавниот долг на среден рок, максималниот износ на нето задолжување во првата година за којашто се однесува Стратегијата и максималниот износ на новоиздадени државни гаранции во првата година за којашто се однесува Стратегијата и структурата на државниот долг.

Стратегијата за управување со јавниот долг ѝ дава рамка на Владата на Република Северна Македонија за дејствување во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата на среден рок.

Како цели на политиката за управување со јавниот долг во Стратегијата се утврдени:

Финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок, и со одржливо ниво на ризик;

Идентификација, следење и управување со ризиците на коишто подлежи портфолиото на јавниот долг и

Развој и одржување ефикасен домашен финансиски пазар.

Можете да прочитате

Трипуновски: Ветено – исполнето, објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковни резерви 

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да растат