Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Владата: Продолжува да расте просечната месечна нето плата

Владата: Продолжува да расте просечната месечна нето плата
300x250 opst2

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари.

Тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето плата е регистрирано и во однос на месец јули годинава, кога платата изнесувала 28.540 денари, соопшти Владата.

Зголемувањето, како што образложуваат од таму, се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), уметност, забава и рекреација (14.2 %) и други услужни дејности (13.5 %).

Согласно статистика, највисока просечна нето плата е регистрирана во секторот информации и комуникации, потоа следат финансиски дејност и дејности на осигурување.

„Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари“, пишува во владиното соопштение.

Од таму додаваат дека се посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата