Утрински Весник
Македонија

Владата обезбеди 30 милиони денари за печатените медиуми

Владата обезбеди 30 милиони денари за печатените медиуми
Ss2

Владата донесе Одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми која што се реализира по четврти пат и која е наменета за печатените медиуми од општ и информативен карактер.

„Програмата за поддршка за печатените медиуми е покрената со цел да ја поттикне разновидноста на изворите за информирање како и да обезбеди одржливост на постоењето на овој традиционален вид на медиуми, наспроти брзо растечката дигитализација и во согласност со праксата која е присутна во многу земји и којашто е препорачана и поддржана од ОБСЕ и од меѓународните медиумски организации“, велат од Владата.

300x250 (7)

Постапката за избор на корисниците на средствата согласно програмата, ја спроведе Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат во чиј состав покрај претставници на надлежните институции, има и по еден претставник на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Македонија и еден претставник на Здружението на новинари на Македонија. Комисијата како и претходните години, донесе одлука врз основа на доставените барања и комплетната документација, согласно јасно дефинирани критериуми.

Од вкупно 11 пристигнати барања, одобрени се 11. Комисијата утврди дека сите барања имаат уредна и комплетна документација, и сите корисници на овие средства се печатени медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

На овие 11 печатени медиуми им се распределени, согласно критериумите, 30 милиони денари, и со тоа се исплатени сите средства предвидени во Буџетот за 2021 година за поддршка на печатените медиуми. Во прилог следи табелата со финансиски показатели за секој медиум поединечно.

 

Согласно предвидениот буџет за 2021 година, на печатените медиуми на македонски јазик им се исплатени средства во висина од 40 отсто за направените трошоци за печатење и дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 50 проценти за направените трошоци за печатење и дистрибуција.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија за нашите деца и внуци

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор